Ракометарите на Тиквеш славеа на гостувањето кај Скопје со 26-30 во последниот натпревар од 8. коло во Суперлигата на Македонија.
Домаќините подобро го отворија натпреварот и до средината на првото полувреме го контролираа резултатот (8-7). Следеше подобра игра на гостите во вториот дел од првото полувреме и на пауза се замина со резултат 14-14.
Сепак, во вториот дел кавадарчани ја покажаа разликата во квалитет и на крајот стигнаа до конечен триумф од 26-30. Во победничкиот табор Стефан Трпчевски со шест гола беше најефикасен, додека кај поразените недоволни беа дванаесетте погодоци на Александар Василевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА