Барселона се огласи откако навивачите го навредуваа Куман пред стадионот

Барселона уште еднаш ги разочара своите фанови бидејќи на домашен терен беше поразена од Реал Мадрид со 2-1. Ел Класико уште еднаш му припадна на кралскиот клуб, а за Роналд Куман, ова е трет пораз во дуелите против Реал Мадрид откако стана тренер на Барселона.

Холандскиот стручњак повторно доби жестоки критики по новиот пораз, а навивачите бараат да го напушти клубот. Сепак, Куман не сака да поднесе оставка и очигледно е дека чека да добие отказ, бидејќи во тој случај ќе добие дури 12 милиони отштета.

Најжестоките навивачи на Барса, го пречекаа менаџерот на каталонците пред стадионот, па тие го опколија неговиот автомобил и му испратија навреди со јасна порака дека треба да си поднесе оставка. По овие сцени, Барселона исто така објави дека навивачите не смеат да се однесуваат на овој начин и дека ќе бидат преземени безбедносни и дисциплински мерки за да се спречат ваквите инциденти, а се со единствена цел сето ова никогаш повеќе да не се повтори.

„ФК Барселона јавно ги осудува насилните и презирните дејствија што ги доживеа нашиот тренер кога го напушти Камп Ноу. Клубот ќе преземе безбедносни и дисциплински мерки за да се осигура дека вакви немили настани никогаш повеќе нема да се повторат“, се вели во соопштението.

 

 

 

Се вчитува...