Радуловиќ: Се мачиме со повредите, но радува тоа што полека создаваме хомогенoст

Актуелниот шампион МЗТ Скопје по воведниот пораз од Пелистер се наоѓа во добра форма со три последователни победи на домашната сцена во кои беа совладани Кожув, Еуро Никел и Куманово.

„Сино-белите“ прикажуваат добра игра уште од самиот почеток на сезоната и покрај сите проблеми со повредите, а како што вели тренерот Радуловиќ тимот полека создава хомогеност и со враќањето на повредените се очекува и уште подобра игра.

„Како што одминуваат натпреварите така создавме и хомогеност, но сеуште го имаме големиот проблем со повредите кои не мачат уште од пред почетокот на сезоната. Се уште не сме комплетни, но се надевам дека за недела до две ќе се вратиме во тренинг формата. Полека се воигруваат и старнците, а и Робев полека ја сфаќа идејата и улога и тимот. Сакаме и да ги испромовираме младите играчи и напорно работиме на тоа. Пред балонот на АБА2 ни следат дуели со МЗТ 2 и Работнички, а во нив ќе одиме со ладни глава и максимална сериозност со цел да ја кренеме формата на посакуваното ниво“, изјави за ЕКИПА, Дарко Радуловиќ.

По дуелите со МЗТ Скопје 2 и Работнички, аеродромци ги очекува ново патување за турнир во АБА2 лигата, овој пат во Осјек каде за противници ќе ги има Пелистер во македонскиот дуел и домаќинот Осјек.

Се вчитува...