Иван Тричковски вчера постави рекорд во кипарскиот шампионат, практично подобрувајќи ја својата серија на голови на седум натпревари последователно. Претходно рекордот го држеше токму Тричковски со шест меча, а вчера и на седмиот по ред успеа да се запише во листата на стрелци, и да ја најави победата на АЕК Ларнака во дуелот со Анортозис.
„Се чувствувам одлично. Одиме на секој натпревар максимално и сакаме да победуваме. Знаеме што квалитет имаме, и што можеме да направиме. Наше е да го покажеме квалитетот на теренот. Верувам во себе“, рече Тричковски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА