Трагедија во САД: Автомобил изгуби контрола и излета во публика, усмрти две деца! (ВИДЕО)

Трагедија ги потресе САД, откако за време на трка во Тексас животот го загубија две деца, на возраст од шест и осум години, додека осум лица се дополнително повредени. Станува збор за „трка на забрзување“, која се возела на локален аеродром, каде што публиката се наоѓала крај пистата.

Еден од возачите во дел од секундата загубил контрола и излетал од патеката, а последиците се фатални. Според американските медиуми, 46-годишна жена е во критична состојба, додека останатите повредени се пренесени во најблиската болница, меѓу кои најмлади се момче од четири години и девојче од само три месеци. Повреден е и возачот, кој, сепак, е во стабилна состојба.

Настанот пред неговото одржување бил промовиран како „ден за семејството исполнет со акција“, каде што гледачите можеле во живо да ги видат најбрзите автомобили кои се бореле за награда од 8.000 долари. На стазата имало пластични бариери полни со вода, а присуствувале 3.500 посетители.

 

 

Се вчитува...