Против Севилја, Енис Барди го одигра второто полувреме, откако се врати по долгата пауза поради повредата.
Барди на тој меч го одгра својот 122 натпревар во дресот на Леванте во Ла Лига (првата шпанска Лига), и стана петтиот играч во историјата на Леванте со најмногу настапи во шпанската „елита“, надминувајќи го Хозе Кампања.
Тој сезонава се очекува да напредува и до четвртата позиција и да го престигне Педро Лопез, кој има 126 натпревари во Ла Лига.
Барди е дел од Леванте од 2017 година и засега нема намера да замине. Тој е трет стрелец во историјата на клубот со 20 гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

