Карло Анчелоти наскоро ќе има повеќе опции за составување на тимот откако беше потврдено дека по долготрајната пауза во тимот се враќа Герет Бејл. Велшкиот репрезентативец пропушти 14 натпревари оваа сезона поради повреда на коленото, а најверојатно ќе пропушти уште два.
Напаѓачот нема да биде опција за „кралскиот клуб“ против Елче во шпанското првенство, како и за натпреварот против Шахтјор од Лигата на Шампионите, но ќе му биде на располагање на италијанскиот стратег за мечот против македонскиот чувар на мрежата, Столе Димитиевски и неговиот Рајо Валекано закажан за 6. ноември.
„Во рок од недела дена треба да започне со тимските тренинзи, а доколку работите се одвиваат како што посакуваме ќе биде подготвен за натпреварот против Рајо Валекано. Потребен ни е Бејл и добро е што полека ја надминува повредата“, изјави Анчелоти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА