Головите на Лазаров и Периќ меѓу најубавите на колото во ЛЕ (ВИДЕО)

Македонскиот селектор и капитен Кирил Лазаров и ракометарот на Еурофарм Пелистер, Јосип Периќ се најдоа во изборот за најубавите голови на второто коло од Лигата на Европа.

Лазаров во поразот на неговиот Нант од германскиот Лемго го има петтиот најубав гол, додека Периќ го зазема второто место за голот со звукот на сирената кој донесе реми на гостувањето кај Кадетен Шафхаузен.

Најубавите голови од 2. коло во Лигата на Европа можете да ги погледнете на следниот линк.

Се вчитува...