ТФТ поразен од Академик Пловдив во БИБЛ лигата

По серијата од пет победи во сите натпреварувања, екипата на ТФТ го доживеа првиот пораз во БИБЛ лигата оваа сезона, откако на домашен терен загубо од Академик од Пловдив со 75-83. Одлучувачки за победникот беа последните пет минути во кои се влезе со егал-скор, 66-66.

Бугарите направија 12-3 за помалку од три минути и поведоа со 78-69, предност која не беше достижна за ТФТ. Едис Нури постигна тројка за -6, но немаше доволно енергија за да се анулира водството на противникот.

Се вчитува...