Англискиот Лига куп по четири години ќе добие нов владетел – Вест Хем на пенали го елиминираше Манчестер Сити (ВИДЕО)

Англискиот Лига куп по четири години ќе добие нов шампион, откако Вест Хем јунајтед по изведување на пенали (5-3) го елиминираше Манчестер сити. По 90. минути натпреварот заврши без голови 0-0, а во пенал рулетот клучно беше промашувањето на Фил Фоден во првата серија.

По изведување на пенали во следната рунда пласман обезбеди и Лестер кој триумфираше над Брајтон со (4-2). По 90 минути резултатот на семафорот изнесуваше 2-2.

 

Се вчитува...