Димитријевиќ со скинат мускул, следи пауза од терените

Ненад Димитријевиќ прерано го заврши натпреварот против Будуќност, откако македонскиот плејмејкер заработи незгодна повреда во третата четвртина од дуелот во Подгорица.

Првичните прогнози воопшто не се добри, ако се знае дека тренерот Пењароја веднаш по мечот обелодени дека Димитријевиќ има скинат мускул,повреда што дефинитивно извесен период ќе го оддалечи македонскиот плејмејкер од кошаркарските терени. Точната пауза на Димитријевиќ ќе биде обелоденета по враќањето во Шпанија, кога во Валенсија врз него ќе бидат извршени детални лекарски прегледи.

Валенсија го загуби мечот со Будуќност со 71-70, а македонскиот интернационалец мина на теренот десет минути, период во кој имаше скромни два поени, два скока, една асистенција, една украдена и две загубени топки.

Се вчитува...