Роналд Куман повеќе не е тренер на Барселона откако по вчерашниоит пораз од Рајо Валекано на нашиот Столе Димитриевски од 1-0 во 11. коло од Ла Лига, управата на каталонскиот клуб се одлучи да ја прекине соработката со холандскиот стратег.
Холанѓанецот оддамна ја загуби довербата на претседателот Жоан Лапорта и веќе извесно време беше пред заминување од „Камп Ноу“, а единствената причина поради која беше задржан беа финансиите кои и во новата сезона остануваат главен проблем на европскиот великан.
Но, откако ситуацијата стана неиздржлива претседателот Лапорта се одлучи за потег кој ќе го остави клубот без 12 милиони евра, но ќе најави и посветла иднина, пренесуваат шпанските медиуми. Оваа бесштета воедно е и нов рекорд на клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

