Поранешниот светски број еден, Борис Бекер смета дека Новак Ѓоковиќ ќе игра на Австралија опен. Германецот кој од 2013 до 2016 беше тренер на Ѓоковиќ смета дека нападите на кои е изложен Србинот во последно време не се примерни.
Бекер смета дека се што се случува надвор од теренот, но и поразот во финалето на УС опен од Даниел Медведев многу влијае на менталното здравје на Ѓоковиќ па затоа морал да се повлече од терените за да може да се рестартира.
„Новак знае каква шанса пропушти на УС опен. Да ги победеше ќе ги поминеше Надал и Федерер. За него тоа беше голем емотивен проблем, затоа периодов беше малку потресен. Добро е што се враќа. Мислам дека по првиот турнир во Париз ќе ни биде јасно во каква состојба е“, изјави Бекер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА