Од ФК Ренова информираат дека главниот судија Игор Стојчевски на натпреварот на Ренова против Шкупи во Скопје од изминатото коло во Првата македонска фудбалска лига е казнет од ФФМ, и нема да биде делегиран за натпреварите од престојното коло во домашните фудбалски лиги.
„Нашите реакции околу судењето на последниот натпревар против Шкупи во Скопје се покажаа дека се сосема исправни откако, согласно информациите што ги имаме, главниот судија Игор Стојчевски заедно со неговите асистенти и четвртиот судија се казнети и неделегирани за натпреварите следната недела. Ренова го загуби овој натпревар со тенденциозно судење, бидејќи ако противничкиот играч со црвен картон беше казнет во 12. минута тогаш резултатот ќе беше поинаков. Бевме сигурни уште пред натпреварот дека нема да имаме коректно судење, но не до овој степен. Ние не бараме помош на теренот туку само правда и коректно судење. Никогаш нема да ги затвориме очите пред неправдата, наместо тоа ќе се бориме против овие негативни појави. Победниците треба да бида одлучени на терен, а не зад кулисите“ – се вели во соопштението од ФК Ренова.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА