„Нептун“, лидерот во малопродажбата на иновативни технологии и бела техника во земјава, го отвора најмодерениот продажен салон од овој бренд во најголемиот трговски центар во регионот, Ист Гејт Мол во Скопје. Софистицираниот продажен простор е специјално дизајниран за да ги задоволи потребите на сите потрошувачи, нудејќи ги најновите производи и технолошки иновации на врвните светски брендови како Beko, Samsung, LG, Huawei, Sony, Apple, Philips, Grundig, Elektrolux, Candy, Asus, Acer, Lenovo, Fuego, Bosch, Tefal, Rowenta и др.
Новиот продажен салон на „Нептун“ е носечка продавница во Ист Гејт Мол која се простира на површина од 1.500 метри квадратни. Стратешката позиција на „Нептун“ во трговскиот центар овозможува лесен пристап до продажниот салон и со автомобил, што го олеснува транспортот на купените производи и придонесува за максимално удобно купување. Продажниот салон на потрошувачите им нуди најголем избор на врвни апарати за домаќинство, уреди за ладење и греење, телевизори, гејминг опрема, смартфони и ИТ уреди и други технолошки иновации, а стручниот тим од 35 вработени ќе им го олесни изборот на потрошувачите со своите совети и препораки. Работното време на продажниот салон е секој ден од 10 до 22 часот.
„Отворањето на новиот продажен простор во Ист Гејт Мол е круна на досегашната работа на „Нептун“. Како најголем малопродажен синџир за иновативна технологија и бела техника и апсолутен лидер на пазарот, креиравме простор во кој фокусот е ставен на унапредување на купувачкото искуствоспоред највисоките светски стандарди. Создадовме простор кој луѓето навистина ќе сакаат да го посетат поради сето она што го нуди – совршена локација, модерен ентериер со инсталирани најнови технологии од кои некои за прв пат може да се видат на нашиот пазар, присуство на сите водечки светски брендови за техника на едно место и врвна услуга. Ни претставува огромна чест што продажниот салон на „Нептун“ е една од носечките продавници во најрепрезентативниот трговски центар во целиот регион. Тоа е уште една потврда за нас дека врвните брендови и компании го препознаваат и високо го вреднуваат квалитетот на „Нептун“ – истакнува Горан Цветинов, генерален директор на „Нептун Македонија ДОО“.
Продавницата во Ист Гејт Мол е 26. продажен салон на брендот „Нептун“, кој на македонскиот пазар е присутен веќе 23 години во 21 град во Македонија. Применувајќи ги светските практики во малопродажбата, „Нептун“ на своите клиенти им нуди и широка палета на услуги, како што се happy лојалната програма, инстант кредити, дополнителни гаранции, комфор и премиум достава, онлајн продажба, мобилна апликација за онлајн шопинг, кредитна и кешбек картичка haPPy Card. Големото портфолио на меѓународни брендови застапени во продажните салони, широката палета на услуги и врвните услови за пазарување, изминативе години го позиционираа „Нептун“ како апсолутен лидер на пазарот во државата, најголем малопродажен синџир за бела техника и електроника и бренд кој секојдневно ја ужива лојалноста на илјадници задоволни клиенти.
Комерцијален текст
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА