Проблеми без граници: ПСЖ „осакатен“ против шампионот Лил

ПСЖ ќе биде сериозно ослабен за утрешното дерби против шампионот Лил, дуел за кој тренерот Покетино нема да може да смета на неколку стандардни првотимци.

На врвот на листата се наоѓаКилијан Мбапе, кој има инфекција на носот поради која не тренираше во изминатите денови и дефинитивно нема да игра со Лил.Крајно неизвесен е и настапот на Лео Меси, кој се жали на ситна повреда, па прашање е дали стручниот штаб ќе ризикува со негов настап пред незгодното гостување во Лајпциг во Лигата на Шампионите.

Ашраф Хакими нема да игра поради суспензија по црвениот картон заработен на дербито во Марсеј, а дополнителна главоболка е повредата на Верати, кој ќе биде надвор од терените најмалку еден месец.

Ако на ова се додадат и повредите на Рамос и Паредес поради кои овие играчи веќе подолго време се надвор од стројот, јасно е дека Покетино ќе има сериозен проблем да состави тим со кој би стигнал до цел плен против актуелниот шампион на Франција.

Се вчитува...