Алборг на македонскиот репрезентативец Александар Трајковски беше елиминран од Купот на Данска откако по продолженија загуби со 1-3 од Митиланд. Македонецот на денешниот натпревар доби шанса во 106. минута, но не успеа да му помогне на својот тим со гол во противничката мрежа.
Откако мрежите мируваа во првото полувреме, Андерсон ги доведе домаќините во предност со гол во 56. минута, а херојот за Алборг беше Прип кој во четвртата минута од судиското продолжение донесе изедначување и продолжение. Во него во 103. минута нова предност за Митиланд донесе Евандер, а конечниот резултат го постави Исаксен во 111. минута.
Der skulle forlænget spilletid til for at hive sejren i land i aftenens pokalkamp. Efter 1-1 i ordinær tid endte det med en stærk 3-1-sejr 💪
Statistik og kampreferat 👇#FCMAaB
— FC Midtjylland (@fcmidtjylland) October 28, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА