Јувентус и Манчестер сити почнале разговори со Фиорентина за потписот на Душан Влаховиќ, пренесуваат италијанските медиуми. Овие два тима имаат намера српскиот интернационалец да го доведат во своите редови уште во јануарскиот преоден рок.
Влаховиќ одби потпишување на нов договор со „виолетовите“, а актуелниот му истекува во 2023 година. Сепак, директорот на клубот вели дека нема да се случи трансфер на одличниот напаѓач во јануари бидејќи Фиорентина е „внимателна на пазарот“.
Фиорентина за неговите услуги ќе бара 60 милиони евра. Од Јувентус се подготвени да направат размена на играчи и плус да доплатат нешто за него, додека за Манчестер сити оваа понуда не претставува никаков проблем.
Покрај Јувентус и Сити за Влаховиќ се уште е заинтересиран и Атлетико Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА