Секс-скандал и во најсилната хокеарска лига во светот

Жоел Квеневил веќе не е тренер на Флорида Пантерс. Тој поднесе оставка поради секс скандал од 2010 година кога беше тренер на Чикаго Блекхокс, кои таа година го освоија Стенли купот.

Привремено на местото тренер на „франшизата“ од Флорида која сезоната ја почна со серија од седум победи ќе биде неговиот помошник Ендрју Брунет. За Квеневил ова беше трета сезона на клупата на Пантерс.

„Квеневил донесе вистинска одлука. По се што се случуваше, јасно е дека не треба да остане на тоа место. Нема против него да преземаме дополнителни акции, бидејќи не беше директен учесник во скандалот“, изјави Гери Бетмен, комесарот на НХЛ лигата. 

 

Се вчитува...