Митревски e број 1 во Лигата на Шампионите (видео)

Никола Митревски се најде на врвот на ранг-листата со најдобри голмански интервенции во шестата рунда од Лигата на Шампионите.

Македонскиот репрезентативец не доби преголема минутажа на дуелот со Барселона, го заврши мечот со само две интервенции, но една од нив беше доволна за освојување на првото место, откако Митревски маестрално го запре контранападот на каталонскиот гигант.

Ранг-листата од петте најдобри одбрани во изминатото коло во Лигата на Шампионите, на чело со извонредната интервенција на Македонецот можете да ја погледнете на ОВОЈ ЛИНК.

Се вчитува...