Формата е минлива, класата вечна: Буфон се уште е број еден (ВИДЕО)

Еден од најдобрите голмани на сите времиња Џанлуиџи Буфон има 43 години, но тоа не му е проблем. Се уште брани како порано, едноставно уште еднаш ја покажа својата класа. Играч на натпреварот помеѓу Цитадел и Парма беше легендарниот голман кој го одбрани пеналот.

Во 12. минута од натпреварот при резултат 0-0 домаќинот доби пенал. Ударот од белата точка го упати Антонучи, но Буфон успеа да го одбрани неговиот удар и за момент повторно потсети на своите најдобри денови.

На крајот резултатот беше 2-0 за Парма која моментално е на 13. место.

 

 

 

Се вчитува...