Никола Јокиќ повторно го предводеше својот Денвер, овој пат до победа од 91-93 на гостувањето кај Минесота. Српскиот интернационалец натпреварот го заврши со дабл-дабл од 26 поени и 19 скока на кој додаде и 7 асистенции. Во противничкиот табор најрасположен беше Малик Бизли со 18 поени.
What. An. Effort. 💪 pic.twitter.com/Y1ilvAaT4U
— Denver Nuggets (@nuggets) October 31, 2021
Чикаго им се врати на победите откако славеше со 107-99 над Јута. Предводник на Булс беше Демар Дерозан со 32 поени и 6 скока, а него го следеше Зек Лавин со 26 поени, 5 скока и 5 асистенции. Донован Мичел беше најрасположен кај гостите со 30 поени, 7 скока и 6 асистенции, а Руди Гоберт оствари дабл-дабл од 17 поени и 19 скока.
Beat the last undefeated team in the league! pic.twitter.com/RYJc9vJl85
— Chicago Bulls (@chicagobulls) October 31, 2021
По поразот на Јута повеќе нема непобедени тимови во НБА лигата. Во останатите натпревари Детроит славеше над Орландо со 110-103, Њујорк победи на гостувањето во Њу Орлеанс со 117-123, Торонто славеше над Индијана со 94-97, Филаделфија победи на домашен терен против Атланта со 122-97, Мајами го прегази Мемфис со 103-129, Сан Антонио го порази актуелниот шампион Милвоки со 93-102, Оклахома забележа лесна победа над Оклахома со 103-82, а Феникс славеше над Кливленд со 101-92.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА