Кошаркарите на Валенсија го претрпеа и чевртиот пораз во шпанското првенство откако загубија на домашен терен од последно пласираниот Реал Бетис со 81-84. На овој натпревар не настапи македонскиот репрезентативец Нено Димитријевиќ кој поради повредата против Будуќност го очекува подолго отсуство.
По изедначениот натпревар во поголемиот дел, клучната предност гостите ја направија при средината на последната четвритна кога стигнаа до предност од девет поени (75-84). Домашниот состав до крајот успеа да ја намали оваа негатива на само еден напад, но истото не беше доволно за победа.
Лидерот на табелата Барселона пак остана перфектна и по осмото коло од првенството откако по добрата игра во второто полувреме стигна до победа над Флуенбрада од 79-69.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА