Лазаров прозиваше – прв собир за мисијата ЕП 2022

Ракометната репрезетнација на Македонија почна да се собира во хотелот „Александар Палас“ со што и официјално ќе биде започнат подготовките за Европското првенство 2022 кое во јануари ќе се одржи во Унгарија и Словачка.

Први ќе пристигнат репрезентативците кои настапуваат на „домашно тло“, а интернационалците Никола Митревски, Филип Миркуловски и Никола Пешевски се очекува да пристигнат утре бидејќи денеска имаат обврски кон своите тимови во шампионатот на Португалија, односно Германија.

Во првиот дел од подготовките предвидено е и патување во Египет каде во петок и сабота нашите ракометари ќе имаат два пријателски натпревари со репрезентацијата на Египет која е предводена од поранешниот тренер на Вардар, Гарсија Парондо.

Се вчитува...