Серхио Агуеро се врати на теренот по поведа и само што почна да фаќа ритам заврши во болница откако на вчерашниот натпревар против Алавес поради потешкотии со дишење мораше да го напушти теренот во 40. минута. Аргентинецот ја помина ноќта во болница, а сеуште не се знае колку е сериозен проблемот.
Додека целиот свет очекува дополнителни информации, Скај Спартс пренесуваат дека голгетерот оддамна има проблеми со срцето поради кои имал и оперативен зафат како 15-годишник, а ова не е ниту првиот пат да изгуби свест на еден натпревар.
Претходно на пријателски натпревар помеѓу Аргентина и Нигерија, напаѓачот на полувремето ја изгубил свеста и веднаш бил префрлен во болница. Тогаш е објавено дека прегледите не откриле поголеми проблеми.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА