По осум одиграни натпревари Порто и понатаму е сто отстотен во португалското првенство. Овој пат пред „сино-белите“ потклекна Брага која беше совладана на гостински терен со 24-33. Порто победата ја осигура уште во првото полувреме по кое имаше предност од 14-18, а гостите продолжија во претпознатливиот ритам и во вторите 30. минути за комотна победа.
Македонскиот голман Никола Митревски повторно имаше одлична партија на голот на својот тим каде забележа осум одбрани со 28 отстотна реализација.
🤾♂️Resultado final em Braga💙Seguimos 𝗶𝗻𝘃𝗶𝗰𝘁𝗼𝘀 na nossa caminhada#FCPortoAndebol #FCPortoSports pic.twitter.com/cstJz6J4DJ
— FC Porto (@FCPorto) October 31, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА