Елиф Елмас и Наполи и натаму го држат врвот во Серија „А“. Во Неапол се размислува за освојување на титулата, а тимот никогаш не бил поблиску, иако Милан опасно се заканува и „диши во врат“.
Елмас во интервју за „Радио Наполи“ зборуваше за досегашниот тек на првенството, и за шансите да се освои титулата.
„Добро одиме со новиот тренер и соиграчите. Со Спалети се сменија многу работи. На теренот функционираме како вистинска екипа, и сите играме. Мислиме како еден за сите и затоа сме посилни. Скудето? Рано е да се зборува, има добри ривали како Милан и Интер и не се знае ништо до крајот. Одиме чекор по чекор, размислуваме за победа на секој натпревар“, рече Елмас.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА