Хорор во Аргентина: Навивач од трибини пукал во тренер среде натпревар (ВИДЕО)

Натпреварот меѓу Хуракан де лас Херас и Фер Кариљо Оесте во аргентинската трета лига беше прекинат откако навивач од трибините пукал во тренерот на гостинската екипа среде натпревар. Кулминацијата на теренот се случила во 79. минута кога од трибините се слушнале истрели.

Тренерот на гостинската екипа, Маурицио Ромеро, бил погоден со истрел од огнено оружје во пределот на левата рака. Клубот брзо објави дека Ромеро е надвор од животна опасност, а воедно ги осуди ваквите настани на трибините и потенцираше дека ова е недозволено во спортот.

По истрелите, од видеото може да се воочи дека сите на трибините и на теренот биле исплашени, па за неколку секунди избегаа од стадионот. Натпреварот беше прекинат со водство на домашните со 3-1.

 

 

 

Се вчитува...