Солскјер: Во Јунајтед сум три години, но никој од играчите не тренирал како Едисон

Манчестер Јунајтед оствари убедлива победа над Тотенхем со 3-0 на гостински терен во дербито во саботата. „Црвените ѓаволи“ успеаја донекаде да се откупат за срамот што го доживеаја на домашен терен пред седум дена кога беа поразени со 5-0 од најголемиот ривал Ливерпул.

Спортската јавност е гневна на Оле Гунар Солскјер, но челниците на клубот и понатаму не разлислуваат за негова оставка, па уште еднаш му ја укажаа довербата и поддршката.

Головите за Јунајтед во саботата ги постигнаа Кристијано Роналдо, Единсон Кавани и Маркус Рашфорд. Солскјер изненади многумина со одлуката Кавани да игра од првата минута, а Уругваецот веднаш ја опрвада довербата.

Сепак, норвешкиот стручњак потоа објасни дека Кавани едноставно покажал неверојатна желба да игра на тренинзите, и дека морал да го стави во стартниот состав.

„Овде сум скоро три години и во вторникот на тренинзите го видов од Единсон Кавани најдоброто издание што еден играч некогаш го направил за време на тренинзите во Манчестер Јунајтед откако јас сум тренер“, рече Солскјаер.

Се вчитува...