И Хенрик Ларсон ја напушти Барселона

Шведскиот легендарен фудбалер Хенрик Ларсон, си замина од Барселона, откако Роналд Куман доби отказ од кормилото на „Каталонците“. Ларсон беше прв асистент на Куман, меѓутоа се реши да не продолжи, иако имал понуда да остане дел од стручниот штаб.

„Мојот ангажман завршува тука. Не би сакал ништо повеќе да додадам“, рече Ларсон за шпанските медиуми.

Ларсон и во играчката кариера беше дел од Барселона од 2004 до 2006 година, кога со тимот го освои трофејот во Лигата на шампионите по триумфот над Арсенал во Париз.

Се вчитува...