Сите сакаат да се докажат пред селекторот Лазаров (фотогалерија)

Македонските ракометни репрезентативци повторно одржаа тренинг во комплетен состав, по вчерашното пристигнување на „Германците“ Пешевски и Миркуловски, како и Ацо Јоноски, кој ќе има значајна улога во стручниот штаб на селекторот Лазаров.

Кај сите е очигледна желбата да се докажат пред селекторот на два месеци пред почетокот на ЕП, на кој Македонија дефинитивно ќе настапи со подмладен состав. Лазаров полека, но сигурно ги пренесува своите тактички замисли врз играчите на тренинзите, а нивното функционирање ќе го видиме на дело в петок и сабота, кога Македонија ќе одигра два контролни натпревари со силната репрезентација на Египет.

„Фараоните“ ќе ја имаат улогата на апсолутни фаворити во Каиро, но овие средби ќе бидат одлична можност за да се согледа вистинската слика и во наредниот период да се направат сите неопходни корекции во играта, до стартот на ЕП 2022 во Дебрецин.

Се вчитува...