Шпанскиот центар Марк Гасол вели дека се уште не размислува за пензија, иако е без тим од септември кога го отпуштија Мемфис Гризлис.
Имаше шпекулации дека ќе потпише за Џирона, во втората шпанска лига, тим чив е сопственик, но се уште нема ништо и од тоа.
„Морам да тренирам напорно и потоа ќе видам што ќе правам. Сега треба да видам кој е мојот максимум, па потоа ќе одлучам што понатаму. Тоа што сакам од себе е да можам да му помогнам на тимот во кој ќе потпишам, а не само да бидам дел од него“, изјави Гасол.
Марк Гасол е легенда на Мемфис Гризлис, а со Торонто Репторс во 2019 година стана НБА шампион.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

