Грчкиот тенисер, Стефанос Циципас по само 27 минути мораше да го предаде мечот против Австралиецот, Алексеј Попирин. Казахстанецот имаше позитива од 4-2 во првиот сет, по што Гркот се пожали на болка во лактот на десната рака по што мораше да го предаде мечот.
Нареден противник на Попирин ќе биде неговиот сонародник, Џејмс Дакворт кој беше подобар од Италијанецот, Лоренцо Музети.
Елиминација во 2. коло доживеа и четвртиот носител, Русинот, Андреј Рубљов кој беше елиминиран од Американецот, Тајлор Фриц со 2-0 (7-5 и 7-6).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

