Ристовска и ЦСКА Москва поразени во дербито со Ростов Дон

Сара Ристовска и нејзината ЦСКА Москва загубија на домашен терен од Ростов Дон со 21-27 во дербито на рускиот ракомет. Првото полувреме обилуваше со голем број на погодоци, а на пауза гостите заминаа со предност од 13-15.

Вториот дел беше тотално спротивност од првите 30 минути. Двете екипи ги зацврстија одбраните, ситуација во која исто така подобро се снајдоа гостинските ракометарки и на крајот стигнаа до конечен триумф од 21-27. Македонската репрезентативка, Сара Ристовска натпреварот го заврши со два гола од исто толку упатени удари кон противничкиот гол.

 

 

Се вчитува...