Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Џејкоб Вајли и неговиот Будуќност стигнаа до голем триумф на домашен терен над големиот фаворит Виртус Болоња со 86-82. На полувреме Црногорците имаа негатива од единаесет поени (37-48), но со фуриозна последна четвртина успеаја да стигнат до големиот триумф.
Будуќност последниот период го доби со 22-12 и на тој начин успеа да стигне до целосен пресврт и победа со која остануваат максимални во новото издание од Еврокупот.
Вајли натпреварот го заврши со девет поени, пет скока и една асистенција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА