Лазаров ја собра ракометна Македонија на едно место (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Кире Лазаров е спортска величина во Македонија, па актуелниот селектор и капитен на националниот тим на промоцијата на автобиографската книга „Секогаш на победа“ ја собра ракометната јавност на едно место.

Присутни на промоцијата беа првиот човек на РФМ, Живко Мукаетов, потоа предводникот на Еурофарм Пелистер, Зоран Стерјев, ракометни легенди како Пепи Манасков, Индира Кастратовиќ, потоа тренерот на Вардар, Веселин Вујовиќ…сите актуелни, но и голем број поранешни македонски репрезентативци.

Македонската јавност доби спортска лектира со формула за успех директно раскажана од еден од најдобрите наши спортисти на сите времиња.

Се вчитува...