Почина 24-годишен словачки хокеар

Словачка ја шокираше веста дека почина 24-годишниот хокеар на Братислава Капиталс, Борис Садецки. Садецки колабираше пред неколку дена на натпревар на својот клуб против Дорнбирн во ИСЕХЛ лигата.

Натпреварот меѓу овие две екипи беше прекинат при резултат 1-0 за домашната екипа на почетокот на третата четвртина, откако Садецки колабираше на теренот.

„Со голема тага и жалење објавуваме дека почина нашиот играч Борис Садецки. Изразуваме најдлабоко сочувство на семејството и пријателите. Повеќе информации за ова нема да објавуваме по консултацијата со семејството на Борис“, објави клубот на социјалните мрежи. 

 

Се вчитува...