Македонскиот репрезентативец Лејсон Зеќири и неговата Приштина славеа во косовското дерби против Пеќ со 86-93. Предноста стекната во првата четвртина „сино-белите“ ја одржуваа и во поголемиот дел од натпревар, одолеаја на налетите на домашниот тим и сосеза заслужено стигнаа до петата победа во сезоната.
Дваесетгодишниот Зекири одигра одличен натпревар за кој го доби признанието за најкорисен играч предводејќи го својот тим со 17 поени и половична реализација од поле (7/14), а притоа додаде и 7 скока од кои четири во нападот и три асистенции со што уште еднаш ја потврди добрата форма пред престојните квалификации за Европското првенство.
Како потсетување, младиот играч се најде на поширокиот список на селекторот Драган Бајиќ и ќе конкурира за деби во сениорскиот дрес.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА