Олимпија Милано се искачи на врвот на табелата во Евролигата откако ја совлада Барселона со 75-70 и со тоа стигна до седмата победа во сезоната. Италијанскиот состав беше подобриот противник во текот на целиот натпревар, а во неколку наврати имаше и двоцифрена негатива.
Сепак Барселона успеја да се врати во последната четвртина кога стигна и до предност од два поени (63-65), но повторно следеше добра игра на домаќините кои не дозволија каталонците да заминат со два бода од Милано.
Предводник на италијанскиот состав беше Луиџи Датоме со 17 поени и 2 скока, Хал додаде 16 поени, а Митоглу забележа 11 поени и 5 скока. Кај гостите 12 поени и 6 скока постигна Дејвис, а него го следеа Хејс и Митровиќ со по 10 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА