Селекторот на француската репрезентација до 21 година, Силвен Рипол, го објави списокот на фудбалери со кои ќе го игра натпреварот против Македонија на 16 ноември на Националната Арена „Тодор Проески“. Во Скопје можеме да видиме и некои од „ѕвездите“ како што се Калулу од Милан, Салиба од Олимпик Марсеј, Бадашил од Монако, Камавинга од Реал Мадрид, Какере од Олимпик Лион…
За оваа средба, селекторот на Франција смета на тројца голмани, 7 во дефанзива, исто толку од средниот ред и шест фудбалери во нападот или вкупно 23 играчи.
Инаку Франција пред натпреварот со Македонија, ќе игра на домашен терен со Ерменија на 11 ноември. Македонија, пак, тој ден ќе го игра натпреварот со Украина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА