Англискиот премиер-лигаш Арсенал, тргнува по потписот на првата „ѕвезда“ на Реал Сосиедад, Александер Исак. Швеѓанецот сезонава е најдобар фудбалер на Реал Сосиедад кој во моментов се наоѓа на лидерската позиција во Ла лига.
Арсенал е подготвен на тимот од Баскија да му плати дури 60 милиони фунти за услугите на Исак, бидејќи веруваат дека може да биде клучот за враќање на клубот во врвот од Премиер-лигата.
Артета полека, но сигурно по очајниот старт на сезоната го консолидира тимот и во моментов „топчиите“ се на шестата позиција на табелата и само три бода зад местата кои водат во Лигата на шампионите следната сезона.
Исак во Реал Сосиедад стигна во 2019, а оттогаш забележа 80 настапи на кои постигна 29 гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА