Реал Мадрид на крајот се спасуваше против Рајо, Димитриевски „капитулираше“ два пати (ВИДЕО)

Реал Мадрид со многу мака успеа да издвојува победа на домашен терен против жилавиот и незгоден тим на Рајо Ваљекано. „Кралевите“ иако имаа водство од 2:0 на полувремето, сепак, Рајо во вториот дел даде гол за намалување на водството преку Фалкао, но Колумбиецот потоа се повреди па мораше да го напушти теренот. Рајо имаше шанса во 92 минута, но Крос ја вадеше топката од гол линијата.

Столе Димитриевски беше на голот на Рајо, и капитулираше рано откако Винициус постигна гол, но беше поништен поради офсајд. Сепак, Крос во 14. минута погоди во мрежата на нашиот голман, кој беше немоќен да стори нешто повеќе. Бензема потоа во 38. минута го совлада Димитриевски за 2:0.

И кога се чинеше дека триумфот е обезбеден, нововлезениот Фалкао во 77. минута носи неизвезност. Претходно Димитриевски имаше две одбрани. Во финишот од средбата голема шанса за Рајо, меѓутоа Крос чистеше од гол линијата и не дозволи израмнување.

Се вчитува...