Солскјер на излезна врата, доаѓа тренерот кој се поврзуваше со Јунајтед пред три години

Норвежанецот Оле Гунар Солскјер, е на излезна врата од таборот на Манчестер Јунајтед. Од поразот од Ливерпул 0:5, раководството му даде рок од три натпревари за да ја спаси позицијата. Но, Солскјер досега не направи ништо за да докаже дека заслужува нова шанса. Губеше од Аталанта до 90. минута, кога Роналдо донесе бод, а вчера беше поразен од Манчестер Сити на домашен терен со 0:2. Не толку од резултатот, раководството не било задоволно од изданието на Јунајтед, кој упати само еден удар кон голот.

„Билд“ пишува дека Ралф Рангник веќе се пакува да замине во Манчестер на финални преговори и да ја превземе екипата на Јунајтед. Рангник во моментов работи во Локомотив Москва како директор. Германецот се споменуваше за позицијата на Јунајтед уште ког Мурињо доби отказ пред три години.

Рангник минатата година беше поврзуван и со Милан, но „росонерите“ се одлучија за Стефано Пиоли да остане, со што пропадна овааи деја.

Тренерот е креатор на успесите на Ред Бул Лајпциг и Ред Бул Салцбург, и именуван е како директор на развој на споменатата групација.

Се вчитува...