Три меча се одиграа денеска во Втората лига Исток, со што беше комплетирано 10. коло. Слога Виница со победата над Братство, повторно се врати на врвот на табелата. Стрелец на единствениот гол вреден триумф го постигна Шуку во 75. минута.
Каменица Саса оствари триумф над Осогово со головите на Мисердовски и Божинов во финишот од мечот, за искачување на третата позиција на табелата. Кожуф беше убедлив и со 3:0 го совлада тимот на Локомотива Градско. Терзиев, Тодоров и Костадинов го совладаа голманот Тимевски за триумф. Гостите останаа со играч помалку по исклучувањето на Огненовски.
ВТОРА ЛИГА ИСТОК, 10 КОЛО
Кит Го – Победа 1-1
Беласица – Детонит 4-1
Братство – Слога В. 0-1
Каменица Саса – Осогово 2-0
Кожуф – Локомотива 3-0
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА