Македонската фудбалска репрезентација попладнево на тренинг центарот на ФФМ го одработи првиот тренинг од подготовките за последните два квалификациски натпревари за СП 2022, против Ерменија и против Исланд.
Со многу проблеми се соочува селекторот Благоја Милевски, по откажувањата поради повреди на Адеми, Николов, Ракип и Јаховиќ, но оптимизмот владее во националниот тим дека може да се одигра на највисоко ниво во желбата за извојување две победи.
За Македонија, без разлика дали ќе обезбеди или не бараж за СП, секако би било повеќе од значајно со две победи да ги заврши квалификациите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА