Челси сака да го врати Саул во Мадрид, но од Атлетико не го сакаат

Кога Саул Нигез пристигна во Челси, сите предвидуваа дека тоа е вистински потег. Играчот за врска од Атлетико дојде во европскиот првак како позајмен до крајот на сезоната. А, потоа шок.

На прсти на една рака може да се избројат натпреварите кои Саул ги има одиграно за лондонските „сини“. Го нема никаде, често е на клупата, па дури и на трибините. Не добива шанса од Томас Тухел, иако токму под негово водство беше ангажиран во Челси.

Медиумите во Шпанија пишуваат дека лондонскиот клуб во јануари планира да го врати Саул во Атлетико Мадрид, односно предвреме да ја прекине неговата позајмица. Сепак, од Атлетико не го сакаат Саул назад, со оглед дека нема никаква клаузула во договорот меѓу Челси и Атлетико за предвремено прекинување на позајмицата.

Затоа сега Саул не е „ниту на небо, ниту на земја“, односно не е познато што ќе се случува со него. Челси мора да го врати на Атлетико, од таму не го сакаат… Така на еден од најдобрите играчи за врска му се заканува целосен крах. Очигледно идејата да премине во редовите на актуелниот европски првак се покажа погрешна.

Се вчитува...