Бензема го одбил Њукасл, но ќе се сели во Париз!?

Њукасл е една од екипите кои се очекува да бидат најакативни на трансфер пазарот во јануари. Многу имиња се споменуваа како засилувања во овој тим – од Кутињо, до Тер Штеген, Ленгле, Мората, Зиле…

Последен во низата кој се споменува е Карим Бензема, меѓутоа според медиумите во Англија, тој го одбил Њукасл, но интересно, прифатил да преговара со друг клуб.

Според медиумите, станува збор за ПСЖ кој сака да го види во своите редови голгетерот на Франција, особено ако Мбапе замине, а веќе е извесно дека Икарди и Кеан ќе си заминат од таборот на Парижаните.

Евентуалното заминување во ПСЖ на Бензема, ќе значи и „нож во грб“ на неговите клубови Лион и сега Реал Мадрид. Лион и ПСЖ се ривали, додека Реал и Парижаните водат „ладна војна“ особено после обидвањето на понудата за Мбапе летоска.

Се вчитува...