Француската репрезентација до 21 година се соочи со проблеми пред гостувањето во Македонија, во рамките на квалификациите за пласман на ЕП. Франција објави дека двајцата фудбалери Амин Гури и Мелвин Бар се повредени, и тие нема да играат против Ерменија и против Македонија.
Гури е еден од најдобрите фудбалери на Франција, и најстандарните со 16 настапи за младата селекција, додека Бар има само три настапи. Гури имаше најголем број настапи од актуелните фудбалери повикани во младата селекција.
Гури игра за Ница, а беше поврзуван со трансфер во големите клубови. Најмногу за него беше заинтересиран Ливерпул. Со тоа, ова е некој вид хендикеп за младите француски надежи, но и без нив имаат силна селекција и имаат фаворитска улога.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА