Селекторот на Италија, Роберто Манчини, се соочува со големи проблеми со италијанската селекција пред одлучувачките натпревари за пласман на Мундијалот.
Манчини во изминатите три дена остана без Заниоло и Пелегрини, а од пораное е повреден Верати. Барела, пак, дојде повреден на собирот, и можно е и тој да откаже.
Дополнителен удар за „Азурите“ стигна вчера откако стана јасно дека остануваат без Чиро Имобиле. Ударната игла во нападот нема да се стави на располагање поради повреда.
Од порано е повреден и Моис Кеан, и навистина италијанскиот селектор има огромни проблеми. На местото на Имобиле, веднаш е повикан Џанука Скамака на кого ќе падне голем товар во следните два меча.
Исто така под знак прашалник е и настапот на Џорџо Кјелини, додека неговиот колега Леонардо Бонучи ќе „стисне заби“ и ќе игра.
Италија во последните две кола ја пречекува Швајцарија и гостува на Сверна Ирска. За првото место е доволна победа над Швајцарија во сабота на „Олимпико“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА