У19: Минимален пораз од Србија на стартот од квалификациите

Младата селекција на Македонија за фудбалери до 19 години претрпе минимален пораз од 2-1 од врсниците од Србија, на стартот од квалификациите што следната година ќе се игра во Словачка.

Огњен Ајдар беше најзаслужниот за триумфот на српските фудбалски надежи, откако младиот фудбалер на Чукарички со два гола во второто полувреме, во 56. и во 65. минута донесе водство на Србија од 2-0.

Македонија заигра далеку подобро во финишот, постигна гол за 2-1 преку Фета, а потоа во финишот нашите млади фудбалери не искористија неколку убави шанси за израмнување.

„Црвено-жолтите“ во второто коло од овие квалификации на 13 ноември ќе се сретнат со селекцијата на Франција.

Инаку селектор на Србија е поранешниот играч на Вардар, Дејан Бранковиќ.

Се вчитува...